Ердоган ја предупреди Москва дека природен гас може купи и од други.

by Administrator
АНКАРА: Контактирајќи ги печатените медиуми, Кабинетот на Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган испратил предупредување дека “ Турција може да добие природен гас и од други земји и дека тоа не е екслузивно право на Москва“.
erdogan-eu-erdogan-620x330-3
Зладувањето на односите на релација Анкара и Москва, дојде откако “ руските борбени авиони два пати го нарушиле турскиот воздушен простор во текот на минатиот викенд“, пишува милионскиот Хуријет. По пат на медиумите Ердоган на Русите уште им порачал дека постојат уште држави кои можат да ја изградат првата нуклеарна централа во Турција.
“Ние не можеме да ја прифатиме моменталната ситуација. Руските објаснувања за кршење на воздушниот простор не се убедливи“, им изјавил на н овинарите Ердоган пред официјалното заминување во посета на Јапан.
erdogan-putin-4654-646x366
Ердоган додал дека сеуште е огорчен на сё што се случило и дека моментално не планира да разговара со рускиотн претседател Владимир Путин.
Има доста работи за кои Москва треба добро да размисли. Доколку Русите не ја изградат нуклеарната централа во Акуј, некој друг ќе дојде да ја изгради“, нагласил Ердоган.
Анкара уште во 2013 година порачала од руската нукеларна централа Росатом да изгради четири блока од по 1.200 Мега Ват, како и тоа дека почетокот на изградбата на првата турска нуклеарна централа сеуште не е одреден.
Ние сме први на списокот како потрошувачи на рускиот природена гас.Ако ја изгубат Турција, тоа би значело сериозен проблем за Русија. Доколку тоа е неопходно, Турција со природен гас ќе се снабдува и од други земји“, наведил Ердоган.

060720141712051578493_2
Медиумите констатираат дека “Помеѓу 28 и 30 милијарди кубни метри од вкупно 50 милијарди кубни метра природен гас во Турција токму доаѓаат од Русија“.
Турското министерство за надворешни работи соопшти дека Турција е отворена за идејата на средба со представници на руската војска во Анкара, како би ги анализирале мерките за избегнување на понатамошни прекршувања.
Турција и понатаму на нарушувањето на својот воздушен простор ќе гледа како потенцијална закана, ама руската понуда да се сретнеме и разговараме за ова прашање, го отценуваме како позитивно, соопштил портпаролот на владејачката АК партија Омер Челик.
23787879
“Русија е пријател, ама ако овие напади продолжат, тоа нема да го доживееме како пријателско однесување“, изјавил Челик. Хуријет понатаму пишува дека и турскиот премиер Ахмет Давутоглу порачал дека не сака судирите во Сирија да се претворат  во криза помешу Русија и НАТО, како ниту руско-турски спор.
Исто така Давутоглу од друга страна додал дека Турција како членка на алијансата, нема да прифати компромиси околу безбедноста на своите граници и воздушен простор

11_4

You may also like

Leave a Comment