Неколку денови наназад жителите на населба Подгорци во делот познат како Автобуска, а веќе и внатрешноста, соочени се со изведување на градежни активности од страна на ЕВН и од некаде завчера и активности на Месната Самоуправа Подгорци.

Активностите, како на ЕВН и Месната Самоуправа – Подгорци, се разбира треба да се поздрават, бидејќи секоја една работа која се санира, поправа, надградува и тн, а особено кога станува збор за инфраструктура која ќе ја користи населбата секако мора да се каже дека е добра активност, и како што реков горе,за поздравување, а тоа покажува дека сепак нешто функционира, како што треба, без ралика дали тоа е делумно или не.

Едните, ЕВН си ја врши реализација на проектот околу поставувањето на електричните кабли (далековод) , или поточно поставување од воздушно во подземно спроведување на електрична линија (кабел).

За реализација на овој проект на ЕВН на Подгорчани веќе неколку денови наназад  им ја скрати можноста од нормално функционирање низ патната мрежа кон Струга и обратно, односно мора да се користи забиколен пат како би се избегнале ископите кои се вршат во овој дел од населбата, а и оштетувањата од таквите ископи кои моментално се чувствуваат кога патот делумно во текот на денот е отворен.

Вторите Месна Самоуправа Подгорци, овие два дена започнаа со санирање, односно пренасочување на дел од канализационата линија коај токму се протега кон најфреквентниот дел на населба Погорци, со што и тука на жителите им е ускратена можноста од слободно движење заради ископите кои моментално и тука се направени.

Кога некој однадвор би гледал на ваквите  активностите  се разбира ќе рече дека тоа е во ред, и така треба да биде, меѓутоа од друга страна ваквите активности кај Подгорчаните (внатре)  подтикна со право и едно поинакво размислување. ( овде не би сакале да бидеме сватени обратно дека некој има нешто против некого  и обратно).

Имено наскоро ни претстои нашиот голем верски празник Курбан Бајрам, и ваквата глетка навистина воопшто не би требала да биде таква каква што е денес, односно секоја една држава, град, село или друго кога станува збор за пречекување на празник кој е од особено значење, обично работите кои треба да се извршуваат се оставаат за подоцнежен период, или претходно се планираат тие да бидат неколку денови наназад завршени и направено сѐ како што треба.  Во нашиов случај, работите тргнале наопаку, односно направени се наопаку.

Токму кога луѓето пред празникот треба да набаваат сѐ што му е потребно за нормално и убаво поминување на овој празник ( кога треба да се пречекуваат гости на честитање,особено од надвор  и кога се има во предвид и зголемениот број на оние печалбари кои што ќе пристигнат, и други останати работи), ние денес  се соочуваме со нешто како што не би требало да биде.

Кога се започнува со расчистување на патиштата и улиците во внатрешноста на населба од страна на бројните домаќинства, за да ни биде убаво за време на овој празник, ние уште на самиот влез во населбата се соочуваме со глетка каква што не треба да биде.

Овде се поставувува прашањето зошто токму досега се чекало на ваквата реализација на проектот на ЕВН кога мерењата за реализација на овој проект месната самоуправа како соопштение го објави во јануари оваа година:http://localhost/?p=49093 ?

Зошто и Месната Самоуправа започна со реализација (санирање) на канализациониот крак, токму во пресрет на овој празник, и населбата да биде доведена во ваква состојба, односно во состојба од нормално движење. ( Овде не мислиме дека е направено со намера, туку требало претходно да се размисли подобро пред да се започпне со реализација)

Зошто (не) и дали претходно ЕВН ја известила населбата  (МС – Подгорци) за почетокот на ваквата активност која беше најавена дури пред  речиси 8 месеци?

Зошто? и дали Месната Самоуправа (не) им укажала на ЕВН,  дека овој проект штом чекал толку време нека почека барем уште некој ден после празникот (Курбан Бајрам), па после нека се премине со нивното реализирање.

И едните и другите, (ЕВН, МС – Подгорци), прашајте ги нашите печалбари дали за време на некој празник во западните земји смее да се превземаат вакви активности кога би станувало збор за : Божиќ, Велигден, и друг празник..или за некој исламски празник, ама во нормална држава .

Како и да е ова е наше лично мислење според кое во секој случај се поздравуваат активностите, меѓутоа во ниту било кој случај не го оправдуваме времето кога тие се изведуваат, (тоа е целта на оваа наша реакција) и мислам дека е неоправдано како за мене така и за нашите жители, населба Подгорци во пресрет на Курбан Бајрам да наликува на вакво нешто.

Односно дали Подгорци, заслужува да изгледа вака во пресрет на Курбан Бајрам? Се разбира за тоа ке одлучат самите Подгорчани.

dubai-portal.com.mk

 

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here