3
Турската економија со растот на својот бруто домашен производ (БДП) во втората четвртина од годинава стана трета меѓу земјите од групата Г-20, индустриски најразвиени земји и држави со забрзан економски развој.

Според објавените податоци за економски раст од страна на ОЕЦД Турција во втората четвртина од годинава со раст на својот бруто домашен производ (БДП) од 1,3-отсто стана трета земја меѓу земјите на Г-20
Според извештајот на ОЕЦД втората најголема економија на светот Кина во втората четвртина на 2015 година забележа најголем раст меѓу земјите од Г-20. Земјата во втората четвртина од годинава оствари раст од 1,7-отсто.
По Кина со раст од 1,6-отсто следи нејзиниот сосед Индија.
Турција пак стана трета земја со најголем економски раст меѓу земјите на Г-20. Бруто домашниот производ на Турција во втората четвртина од годинава во споредба со првата четвртина се зголеми за 1,3-отсто.
Според податоците на ОЕЦД турската економија во првата четвртина од годинава во споредба со последната четвртина на минатата година оствари економски раст од 1,5-отсто и по Индија беше втора земја со најголем раст меѓу земјите од Г-20.