
Имајќи го во предвид циклусот на постови-текстови кои се однесуваат на проблемите во нашиве населби, како што ѝ веќе можевте да забележите од претходните, тргнавме од населба Лабуништа каде што и најмногу ќе се задржиме, бидејќи моментално ова населба според мислењата на нејзините граѓани во повеќе наврати се злоупотребува како од самите граѓани на ова населба, така и од страна на сите политички партии, кога станува збор за доаѓање на некакви избори.
Овој пат повторно како втор дел, се задржуваме на проблемот со амбулантата во населба лабуништа за што претходно пишувавме во еден од нашите постови: http://localhost/?p=52637.
Разгледувајќи да дојдеме до податоци за овој објект, кога е изграден и дали навистина истиот треба да се доградува, интересно е тоа што, наидовме на информација која беше постирана на одредени сајтови која гласи: “ЛАБУНИШТА ЌЕ ДОБИЕ ЗДРАВСТВЕН ДОМ“..
Ова информација е објавен на 5.јули 2015 година, после посетата на претставници ва ВМРО ДПМНЕ на месниот комитет на населба Лабуништа, каде на приврзаниците на ова партија и граѓаните на населба Лабуништа им било ветено изградба на нов здравствен соодветен објект (Амбуланта). ( Информација преземена од интернет веб сајтови)
Дали Лабуништани залужуваат повеќе, по се изгледа испаѓа дека НЕ, бидејќи пред неколку денови беше објавен тендер за доградба на овој руиниран објект кој постојано се санира-крпи. Односно дека Лабуништани сеуште не ја исполниле потребната квота за нов здравствен објект, и “не“ заслужуваат повеќе.
Предмет на договорот за јавна набавка:
Изведба на градежно и градежно занаетчиски работи – втора фаза, Доградба на амбуланта јужно крило во с.Лабуништа-Здравствен дом Вевчани. (Значи не станува збор за изградба на нов Здравствен дом за Лабуништа и Лабуништани).
Тендерот трае до 14.-ти овој месец, каде после истекувањето на истиот ќе биде одреден изведувачот на занаетчиските работи предвидени за овој објект.
Во продолжение Ви објавуваме линкови од претходните најави за “ИЗГРАДБА НА НОВ ЗДРАВСТВЕН ДОМ ВО ЛАБУНИШТА“
– http://www.spektra.com.mk/lokalni/labunishta-ce-dobie-zdravstven-dom
– http://ohridpress.com.mk/Labunishta ke dobie zdravstven dom
Како и линк од објавениот тендер:
– https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/6c0ec111-4085-4c87-a184-7908ae172f92/Open
Е, сега што ќе се случува понатаму останува да се види.
А, ние и понатаму ќе продолжиме со нашата план програма за проблемите поврзани за овие населби и укажеме на истите.
И, уште еднаш благодарност на граѓани на Лабуништа кои ни укажуваат на ваквиот вид на манипулирање со населбата како од страна на сами граѓани на ова населба, така и од страна на било која политичка партија.
Dubai-portal.com.mk








