Соединетите Американски држави на прагот се да ја изгубат една од најголемите постојани воени бази во Африка, која претставува дом за 4.000 американски војници – во Република Џибути, мала држава на истокот на овој континент.

Владата на ова мала држава подготвена е да “угости“ контигент од 10.000 кинески војници.
“ Соопштението кое е објавено на само еден ден откако американскиот државен секретар Џон Кери го посетил Џибути во мај, длабоко ги загрижи Американците, со оглед дека станува збор за голем пакет на кинески инвестиции, за чие значење и новвите пријатели од Азија, отворено зборува и претседателот на ова држава Омар Геле“, забележува новинар од Еритреја Томас Маунтајн.
И навистина, како прилично стабилна државва, позиционирана помеѓу Јемен и Сомалија, Џибути ја играважната стратешка улога за САД. Притоа земјата има стратешка важна положба во близина на најважните светски поморски-трговски патишта и арапските лежишта на нафта.
Американската воена база Камп Лемонијер во Џибути се користи за тајни операции, вклучувајќи ја и борбата против тероризмот во Јемен, Сомалија, ама и долж целата Африка.
Пристаништето, во Џибути во борбата против пиратите од соседна Сомалија, го користат европската, ама и друга морнарица, вклучувајќи ја и кинеската. Во ова африканска држава свои воени бази имаат и Јапан и Франција.
Во својот натпис “Америка против Кина во Џибути“, Маунтајн вели дека Пентагон на Џибути му плаќа речиси по 63 милиони долари годишно за коруистење на базата Камп Лемонијер, аова воена база исто така е и една од најголемите бази на светот за беспилотни летала.
Наспроти тоа, Пекинг е подготвен на Џибути да му понуди многу повеќе.
“Кина моментално го завршува проектот на изградба на пруга од Адис Абеба, престолнината на Етиопија, до Џибути, вредна три милијарди долари. Пекинг исто така вложува 400 милиони долари во модернизација на помалите пристаништа вво таа држава“, нагласува новинарот.
Непотребно е да се каже, колку застрашувачко за Пентагон и американското воздухопловство претставува формирањето на кинеската воена база во која можат да бидат стационирани 10.000 луѓе. Тоа довело и до дебата за “кршењето на човековите права“ во малата африканска држава.
“Зради тоа немојте да се изненадите, доколку едно утро се разбудите и сватете дека во “ во име на демократијата“ дошло до воен удар во Џибути“, иронично заклучува Маунтајн.
Извор: (Novosti)