Почитувани, имајќи ја во предвид концепцијата и намерата на нашиов портал за сознавање и информирање во врска настаните кои посебно се однесуваат на нашиов крај ( Лабуништа, Подгорци, Боровец и Октиси) од една страна, и информациите од Блиско Источните земји, од денес започнуваме со еден вид на мини серијал на постови (содржини) на информации кои се однесуваат на проблеми со кои се соочуваат нашите населби.

Бидејќи Лабуништа е најголемо, попознато и се разбира секогаш клуч за многу работи, ама и село со најмногу проблеми ( се мисли на инфраструктурни проблеми) решивме да почнеме од ова населба.

Дали Лабуништа и Лабуништани заслужуваат повеќе. останува да се заклучи од неколкуте циклуси на постови кои планираме да ги обработиме.

Се разбира во ова проблематика ке бидат вклучени и оние одговорните, тргнувајќи пред сё од Месните Самоуправи, Општина Струга, Организациите кои се задолжени за одредена ифраструктура, претходни и сегашни советници во општина Струга, градоначалникот на општина Струга, поранешни пратеници во владата на Македонија, и лица поставени на одредени функционерски места, и сите други кои биле поставени на соодветни места од страна на народот и дали направиле или не направиле нешто за ова населба а биле во можност.

Се разбира сите оние кои ќе бидат опфатени со одреден проблем во ова населба, уредно ќе бидат поканети од наша страна, по пат на печатена покана, да учествуваат во овој наш мини иформативен циклус и да го изнесат нивното видување, односно дали можеле нешто да направат или зошто не направиле ? а зашто  и самите граѓани ќе имаат можност да се уверат во веродостојноста од поканувањето на одредена лично поврзана со соодветниот проблем.

Во однос на населба Лабуништа предвидено е разгледување на проблемите кои најмногу ја притискаат ова населба и тука најмногу на почетокот ќе се задржиме на следните тематски проблеми:

 1. Дали на Лабуништа му е потребна стара доградувана амбуланта, или лабуништа заслужува нова, соодветна на бројот на население кое треба да се опслужува.

амбуланта2

2. Дали Лабуништани заслужуваат подобар систем за водоснабдување и кој е виновен за ваквата хаотична состојба со која денес се соочува ова населба.

3. Дали Лабуништа заслужува постојано крпење на патната инфраструктура или заслужува нов соодветен нормален пат како и сите, и кој е виновен за ваквата состојба.

4.Дали Лабуништа заслужува да станува населба со најголем број на мини  (диви )депонии. ( Влез кон населба Лабуништа, локален пат Лабуништа Боровец и др…) И како функционира Комуналната организација во ова населба.

5.Дали Лабуништа заслужува подобар образовен систем, овде се однесува на состојбата на образовниот процес и состојбата на школската установа.

6.Дали Лабуништа заслужува подолготрајни а не краткотрајни и виртуелни здруженија и колкава е онтересот на Лабуништа од нивното функционирање.

Ова се предвидените проблеми кои ќе се обидеме да ги заокружиме во наредниве неколку месеци, и се разбира од тука обидеме изнесеме одговорот Дали Лабуништа заслужува повеќе..

Во прилог на ова ја отвараме новата анкета која се однесува на населба Лабуништа, а потенцира на прашањето од нашиот прв проблем

Дали на Лабуништа му треба стара доградувана Амбуланта, или изградба на нова соодветна.?

Ве очекуваме на нашата фејсбук страна со ваши коментари и надополнувања во врска изнесениот проблем.

Dubai- Portal.com.mk

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here