Подгорчани му ја отворија вратата на мубарек месец Рамазан.

0
205

Како што е и редот како и секоја година, така и оваа Рамазанските тапанџии на Подгорци, вечерва го најавија доаѓањето на месец Рамазан, односно му посакаа добредојде.

Малските тапанџии на Подгорци веднаш во 20.25 часот со својот тропот не потсетија дека во нашава населба и останатите ни пристигна благословениот и султан на другите месеци, месец Рамзан, и да не потсети дека Возвишениот Аллах.џ.ш од денес започнува со наградување и опрост за сите оние кои ќе го побараат тоа од него, се разбира тоа е постот,намазот и ибадетот, како и одбегнување на лошите, а правење на добри дела.

Од џамискиот одбор, не известија дека како и секоја година, така и оваа, месец рамазан се дочекува подготвено, да се одговори на барањата на нашите верници, се разбира и во рамките на своите можности, како од организирањето на дневните намази, особено теравија намаз така и другите активности со кој дополнително ќе се преубави овој наш месец во сите негови денови.

Вечерва започнува првата теравија намаз, и иншла во убавина, радост да ги испостиме сите денови онака ко што ни се пропишани, притоа на сите наши роднини и пријатели кои се надвор од нашиве краишта, да им посакаме Возвишениот Аллах да им ги олесни овие рамазански денови, и се разбира постот за кој се наградува и опростува и што поскоро да ги донесе во нашите краишта.

Притоа, за момент да не заборавиме, односно потсетиме и на оние кои во овие благословени денови се наоѓаат во искушение, прогон, неправди и се друго што го намалува нивнито човечко достоинство, како и попречува нормалното одвивање на нивните верски должности. Иншала Аллах, да им помогне и покаже благодет-та од овој месец и упати на вистинскот пат, патот кон опрост, олеснување на маките и патот кон џеннет.

НЕКА НИЕ  ЧЕСТИТ, И ЗА МНОГУ ГОДИНИ РАМАЗАН!!

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here