Во рамките на својата програма за одржување на локалните патишта на населбите од Општина Струга, денес соодветна механизација на Комуналното претпријатие на Општина Струга, вршеше  расчистувања нa страничните делови од патот кој води кон и надвор од населба Подгорци, а се зараснати од различни грмушки, трева, дрвја и др..

Ваквата активност на Општина Струга, секако е за поздравување и е добра особено  за  сите кои го користат овој пат, бидејќи се зголемува прегледноста по неговото движење и намалува опасноста од било какви сообраќајни или друг вид на несреќи.

Во ова прилика Би сакале уште еднаш да апелираме до надлежните на  Општина Струга , штом веќе се решиле да спроведат акција од ваков вид и која заслужува пофалба, да ни објаснат уште еднаш дали овој пат кого сега го расчистуваат, го имаат ставено во нивната план програма за целосно асфалтирање,  како што тоа го направија и во другите населби,а не крпење на ударните дупки. Односно да не биде како онаа народното: имаме 100 дупки отворени, а Вие да ја затварате 99-та.

Инаку колку за потсетување во јануарската анкета на Дубаи Портал, која се однесуваше на прашањето кој е виновен за сегашнава состојба на нашиве патишта, покрај : Македонија Пат, Месна Самоуправа, и Општина Струга, според резултатите од анкетираните, виновник за ваквата состојба е Општина Струга ( притоа мислејќи се на претходните раководни лица кои биле во составот на минатите Општини т.е . нивните градоначалници, а не само на оваа денешнава.

Во ова активност беа вклучени и две вработени лица на Месна Самоуправа Подгорци, кои го собираа и товареа, отпадниот материјал како остаток од расчистувањето.

Dubai Portal.com.mk

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here