Имајќи го во предвид 8.март Меѓународниот ден жената. Во петокот во просториите на Основновното Училиште “Гоце Делчев “- Подгорци, се одржа свеченост, каде преку своите рецитали, песнички и др.. учениците од оваа училиште на најубав начин на своите мајки, баби и сите други припаднички од понежниот пол им ги честита денот на жената, иим  посакаа уште многу убави заеднички моменти.

Нашево училиште секогаш ги запазува сите оние значајни активности кои се поврзани со празници кои одбележуваат некоја личност, историски ден и др. На тој начин се обидуваме  кај нашите ученици да им ја прикажеме вредноста од секој еден празник, односно нивната важност, и се разбира со заедничка активност и со нивните наставници, кои подготвени со  одредени рецитали, песнички драма (глума)крајниот резултат го сведуваме на прославување на тој ден ( празник) , со свеченост , каква што беше и оваа денес. – ни изјави директорот на ова училиште г-дин Фадил Исламоски.

Покрај нашите образовни работи кои треба да ги спроведуваме во текот на целата година, се разбира преку одредени активности, преку кои сакаме да укажеме , и на важноста од зблужување на врската на родителите со нашите ученици, односно родителите со нашево училиште. Се разбира тоа го правиме преку одредени проектни активности кои ги имаме планирано со нашата годинешна план програма. Се разбира би сакал да напоменам дека учеството на родителите во развојот на наставниот процес е доста важен фактор и очекуваме тој и понатаму да продолжи.

Она што ова година е поразлична од другите свечености е тоа што, како што напоменав горе благодарение на учеството на родителите во нашите активности, а посебно во изминатата активност “Училишниот Базар“ кој се одржа минатата година во месец декември, и чии средства беа насобрани од реализацијата на оваа активност, допринесе да оваа година за прв пат свеченоста се одржува на посебна платформа (бина) каде нашите ученици ги изнесуваат своите умеења и знаења. Се надевам дека и во нареднава година како што почнаа со оваа свеченост така ќе продолжат и сите други кои ни предстојат. – ни изјави г-дин Назив Равманоски наставник во оваа училиште.

И на крај во име на вработените во ова училиште на сите припаднички од понежниот пол  им го честита 8-март Меѓународниот празник на денот на жената.

Dubai-portal.com.mk

 

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here