Почитувани, еве денес (31.01.2014 год) повторно уште еднаш зимата не потсети дека сеуште се наоѓаме во нејзиниот годишен период, нејзиното време.
Подгорци уште еднаш беше покриено од снежната покривка, нејзинот бело руво, кое и тоа на некој начин си носи своја убавина.
И додека сеуште го пишувам овој пост, надвор мали и големи пластови на снег, малку по малку ја формираат белата наметка-руво.

Децата како и секогаш се радуваат, некои веќе во нашава маала (имеровска) започна да си прават влечала, и пак да се радуваат на она што Господ го дава преку зимата.
.
И се разбира, понекогаш и возрасен човек да се впушти во оваа детска игра, и заборави барем за момент на овие глупости кои ни се случуваат во држава и околу нас, а се разбира и тежината на оние кои се надвор на нашиве населби.
Како и да, тоа е онака како што некој претходно го предвидел, а наше е да Ви кажеме дека во Подгорци, и околните наши населби уште еднаш иамаме снег, да Ви ги прикажеме некоја фотографија, пренесеме нашиов амбиент од тука, нашите населби и да се надеваме дека нема да ни се случи некоја снежна бура, а со оглед на подготвеноста на нашава држава и општински органи, можете да замислете што ќе се случи.
Ама, како што вели народот “Господ е голем“.











