Mišel Onfre: Она што го правиме во муслиманските земји е многу полошо од убиството на 10 луѓе

by Administrator

мишел онфре

Гостувајќи на француската телевизија, познатиот француски филозоф од понова генерација, Мишел Онфре, коментирајќи ги неодамнешните напади на редакцијата на Шарли Ебдо, помеѓу останатото, рекол: “ Ние западњаците одиме во муслиманските земји, се мешаме во нивните внатрешни работи и ги убиваме, свеедно дали тоа е во Африка или во Северна Африја, акога муслиманите се бранат од окупација, тогаш ги обвинуваме за тероризам.

Муслиманите не се толку лаковерни и наивни како што за нив така мислат во Франција, Европа и светот, и она што ние го правиме во нивните земји многу е полошо од убиството на 10 луѓе. Ние секојдневно убиваме стотици муслимани во нивните држави“.

Потоа додал:“Расизмот е наш проблем. Заради што, веднаш после нападите на Шарли Ебдо, побрзавме да кажеме дека тоа го сторил терорист, а не извршивме притисок на редакцијата на магазинот да престане да го навредува Пратеникот Мухаммед а.с., а со самото тоа и  муслиманите, по пат на карикатурите кои ги објавуваа.!

 

You may also like

Leave a Comment