Месец април, убав како и сите месеци во годината, пролетен расцветан, топол и миризлив на пролетното цвеке, кое ја најавува пролетта во полн ек.
Оние кои што имаат намера да ги засејуваат своите ниви или пак друго, веќе започнаа со сите припреми, орање, распостирање со гној, како што ние можеме да кажеме, расчустување, а некои веќе и со засасдување.
Меѓутоа денешниов утрински ден ни донесе нешто сосема друго, бела покривка над нашава населба, покривка со дебелина од 10 см, некаде можеби помалку, некаде можеби повеќе, ама како и да е , НЕ ИЗНЕНАДИ.
Ова не е АПРИЛИ ЛИ ЛИ !! Туку вистински снег во вистински пролетен месец АПРИЛ.
Зелената покривка на месец април, се претвори во бела, онаа слична како во месеците карактеристични за зимскиот период.
Некои уплашени за расцветаните овошки (јаболка, круши,цреши и др..) некои пак за цвеќата, некои за сеидбата и тн.
Ама како и да е , и во оваа има нешто добро, или како што велат постарите „Господ си знајт„, и навистина така е.
Во прилог на овој пост Ви ја прикажуваме фотогалеријата од забележаните фотографии од Априлскиот снег во Подгорци.











