Конечно после две недели ОУ “Гоце Делчев”- Подгорци доби нафта за греење.

0
177

Конечно денес после две (2), недели  поминати во несоодветни услови на одвивање на наставно образовниот процес , учениците на оваа училиште од утре ќе можат повторно да ја почувствуваат топлината, а се разбира и текот на нормалниот начин на одвивање на наставните часови.

Денес во вечерните часови до ОУ Гоце Делчев – Подгорци беше дистрибуирана, (донесена) нафта за греење со количина од 2-тона.

Според нормалниот тек, како и секоја година, вработените во оваа образовна установа,  проф. Назив Равманоски вработен во оваа установа ни изјави дека таа ќе биде доволна, во зависност од временските услови за период  некаде од околу 1 месец.

Покрај тоа почетокот на наставните часови  и утре ќе се одвива како претходните денови кога немаше греење, а наставата ќе се одвива со предвидениот план за одвивање на наставата. (полно време на часови)

А, од Понеделник наставата во целост ќе започнува  како што и претходно се одвивала, односно прва смена од 07.30 и втора смена од 13.30 часот.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here