Кога возрасните се помали од помалку возрасните..

0
212

Еве, пред неколку дена започна школската година низ цела ни наша Македонија, некои од дечињата првачиња се радуваат, а некои пак  како кај нас во Подгорци скриено тагуваат.

Нашиот ни градоначалник, уште првиот ден ни дојде на посета, да им го честита почетокот на школската година на сите првачиња, имаше и присутни (одбрани) и не присутни гости, и се помина како што треба.

И, замислете што се случува подоцна, еве ние како возрасни  воопшто и не забележавме, во едно наше друштво кај нашаата позната автобуска, доаѓа подоцна едно детенце, и вели: Аџо ! зошто и нас не ни дадоа ташни за школа, што ни фалит нас ..?

За момент ситуацијата не ни беше јасна, ама подоцна според информациите се излезе на виделина, нашиот ни градоначалник кој цело време се залага за мулти етичност со овој негов гест, 98% од вкупниот број на првачиња ги отфрли како неважечки ливчиња, зарем оваа не се наши деца..?? зарем нивните татковци не гласа за Вас г-дине Села..?, Ајде нека биде на пример  дека 90% од Погорчаните на пример не гласале за вас.. зарем  Вие не сте градоначалник на сите..?  И, што малото дете знае што е политика а,а што не.. Каде овде се гледа мултиетичноста..? зарем овде станува збор за такво нешто, зошто моето, детето на мојот пријател и повеќето кои гласале за Вас,  не добија такви ташнички,? како овде да им ја објасниме  политиката на оние со помала возраст а, памет (ум-ак`л) на возрасни..

Јас, како и групата на граѓани родители не можат да им објасна,т дадат одговор зошто на едните им се дава, а на едните не.. Во својот коментар велите дека со отварањето на албанска паралелка  ќе го обедините Подгорци, господ да Ви помогните, ама мислиме дека со вакво, делење на дечиња, едни да имаат, едни да немаат , како да ги соединиме, зарем едните од другите се повредни..??

И, секогаш кога ќе се укажува на некоја си грешка, секогаш другиот е виновен.. Ајде објаснете им на останатите дечиња заошто и тие не добија ташни и по некоја си симболична тетратка, ние не знаеме.. можеби Вие ќе им дадете одговор.. Се разбира не може да се објасни.. ни етички.. ни Исламски..ни Христијански.. ниту пак..

При Вашата посета спомнувате дека се грижите за сведителствата на децата кои не ги добиле.. Па, ајде сега одговорете кој ќа ја сноси и одговорноста што Нашите 95% од дечињата добија фалсификат сведителства потпишани од некогашниот нелегитимен директор г-дин Бранислав Плушкоски, и тоа токму сега се случи пред неколку месеци, мислам дека родителите на овие деца не заборавија..

Ајде да им одговориме што со овие сведителства.. Дали сведителствата на овие деца не се важни за вас..?

Ајде долу погледнете ја оваа слика која можеби ќе ја погледне и некое друго детенце што не добило ташна… Што ќе му се сврти него во неговото мало мозоче.., зарем тие што добија се попаметни од останатите..?? Е,тука мислам дека се лажете..  Ставете се вие како да сте малечко детенце, како Вие би одговориле, односно како би размиулсувале како детенце, доколку ова Ви се случеше Вам.?. Ама кога и да е , понекогаш се случува возрасните да мислат помалку од одние помалку возрасни.. еве кај нас во Подгорци и тоа се случи.

Зошто и нашите деца не се сите исти за Вас..? ?  Па, ни, измислениот Дедо Мраз не ги дели децата.. (бели, црни..сакати.. сиромашни..сираци итн..) за него сите се исти.. иако тој само постои како измислен.. ама Вие сте ни Вистински…

 

Група граѓани на населба Подгорци.

ДУБАИ-ПОРТАЛ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here