Почитувани !

Најпрво, да му се заблагодариме на Возвишениот Аллах, што и ова година ни даде можност да го пречекаме овој наш најдобар гостин, мубарек месец Рамазан.

Нашиот тапанџија со звукот на својот тапан и радоста на децата околу него го најави неговото доаѓање и отвори вратата на овој гостин, кој со радост и желба го очекуваме секоја година.

Мубарек Рамазан е време во кое најсилно се отчитува личната побожност на секој човек за која Возвишениот Аллах вели дека не може да се мери ниту со било која од овадуњалучки вредности.

Рамазан е месец кој поврзува два значајни моменти во животот на муслиманите: обврската за пост и сеќавање на објавувањето на Кур`анот, заради тоа среќен е оној кој во месец Рамазан ќе одговори на поканата на Возвишениот Аллах, во постот да го пронајде својот мир со себе, со светот, да најде љубов кон Господ и спрема човекот, роднината и соседот.

Се разбира во ова пригода би сакале на сите оние наши печалбари кои се надвор од своите домови, да им посакаме мир, благосостојба, здравје и хармонија во овој пресветол месец, се разбира тука не ги изоставаме и сите они наши роднини и пријатели кои се покрај своите во нашиот крај. ИншАллах сите да го поминеме во рахмет исполнет и со љубов и бериќет да го проследиме и заедно да си го дочекаме и Рамазан Бајрам.

Со уверување дека месец Рамазан ќе ни ја донеси Аллаховата милост и опрост, од сё срце на сите муслимани во нашава држава и странство им посакуваме среќни мубарек денови на Рамазан.

Нека ни е чести, и за многу години Рамазан!