ИСТАНБУЛ: Мицкоски на средба со турскиот претседател Ердоган (Видео)

by Administrator

Во Истанбул, Турција, денеска средба остварија премиерот на Македонија Христијан Мицкоски, и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Беше потпишана Заедничка политичка декларација за основање на Совет за соработка на високо ниво помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција.

„Турција беше првата земја која ја призна Македонија во независноста. Сакам да истакнам дека нашите пријателски односи се толку силни како Камениот мост во Скопје. И ќе продолжиме да ги негуваме таквите пријателски односи“, рече Ердоган.

Мицкоски кажа дека во Турција и во Ердоган гледа голем при

јател на македонскиот народ.

„Турската заедница има силно влијание во Македонија, како и македонската во Турција. Јас во претседателот Ердоган гледам голем пријател на Македонија, и во Турција голем партнер на мојата татковина“, рече Мицкоски.

You may also like