Еве, почитувани читатели и посетители на овој портал, сигурно веќе сте запознати со тоа дека од 1-септември нашите соседи од Вевчани, на своите автомобили ќе имаа сопствени регистерски таблички од оваа (општина-село), и навистина алал да им е.

Луѓето си се борат и навистина си го остваруваат планираното и навистина има и на што да им се завиди, а ние можеме само да зборуваме и наоѓаме мани што чини а што не, и кога ќе видиме што ни останало или пак сме направиле гледаме дека сме останале на позитивна нула (+0).

Додека некои се гордеат со тоа што го прават во наредниве години, ние сеуште живееме во некој си свет, кој сеуште не го ни познаваме, а и не сакаме да живееме во него.

И, секогаш е така, клучот секогаш е кај нас, а ние чекаме некој да никаже која врата да ја отвориме, и замислете никако да погодиме, која е вистинската….??

Сме отвориле : Македонска,Албанска.Торбешка….. и уште која не знам ќе ни предстои, ама ниако да ни успее.

Зошто секогаш гледаме некој да ни каже која врата да ја отвараме, дај малку и ние да видиме и да ја отвориме онаа заедничка врата за сите нас.. А не да тропаме на различни врати и секогаш да тапкаме во место.

Замислете (ова особено се однесува на нашите печалбари) во Италија, Словенија,Швајцарија, или пак во било која друга земја, како ќе изгледаше ако здогледавте автомобил со регистерска табличка од Општина Лабуништа, како ќе изгледаше то…, за мене многу убаво, а, за Вас не знам, демек ова се нашите таблици Струшки (СУ),е, па не се наши, размислете малку…зошто да не бидат на општина Лабуништа (ЛА).

И додека ние при посета на некои функционери се разправаме за цената на дрвата,за некои фамозни проекти, никој досега не прашал, Зошто ние не може да имаме Вакви регистерски таблички (ЛА), ајде на следните или било кои избори ама без употреба на лажни таблички (ветувања) да си ставиме и ние таблички со наши назнаки и да почнеме како што почнуваат сите…

И да им кажеме на тие кога ќе дојдат да побараат галс од нас , да им кажеме дека доста ни се лажни таблички (ветувања) дајте ни ги нашите оние кои ни припаѓаат (Општина Лабуништа), а не секогаш да се возиме со фалц таблички..

Имаме се, што ни фали, ама баш ништо..

Зошто секогаш да се гордееме со туѓото а нашето да го валкаме…. до кога бре вака.

Живееме за некои си свадби и куќи.. и нешто друго,, што ништо не остава зад нас. А, бре браќа останавме без идентитет и традиција, и најголемиот етнолог да дојде нема да не препознае и да види некоја си нитка за нашата традиција.

Се модернизираме со погрешни работи (автомобили,куќи,свадби,мобилни…) и што останува после тоа ама ич ништо…

И, додека ние се вртиме во лавиринт, Возот врвит покрај нас, некој веќе си набавил и воз, а ние чекаме да ни одредат каде ќе седиме и покрај тоа што Опстојувањето на тој воз зависи од нас (Лабуништа,Подгорци, Боровец).. И, нема зошто да се чудиме зошто некои одат напред (денес со таблички, утре со пасоши и лични карти и др…)

Дај малку да подразмислеме, и кога ќе дојдат избори, малку да се потсетиме што оставаме зад нас..

ДУБАИ – ПОРТАЛ.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here