Синоќа во населбата Ореховје која се наоѓа во непосредна близина на Нова Горица, Република Словенија припадниците од исламската вероисповед, кои живеат и привремено претстојуваат во Република Словенија, како и од деловите на Хрватска,Италија во голем број присуствуваа на вториот по ред “Традиционален Рамазански Ифтар“.

Оваа свеченост како и изминатата година, беше организирана од Автопревозникот “ Султан Турс“ д.о.о – Лабуништа, кој истовремено се јавува и како донатор на истата, притоа свеченоста беше помогната и задолжена за нејзиното одвивање од страна на Хуманитарното Здружение “ Младина“- Нова Горица.

Кко што знаете, Традиционалниот Рамазански ифтар, ова година го организираме по втор пат по ред, и ми причинува посебна чест и задоволство, што луѓето т.е нашинците се одзваа на нашата покана да присуствуваат и да бидат дел од овој наш заеднички ифтар.

Идејата за организирање на ваква свеченост ни се пројави минаната година, која исто така ни заврши многу успешно.

Целта се разбира ни беше рамазанските денови преку заедничка дружба да ги приближиме до нашите сограѓани кои претстојуваат во Словенија и околните земји.

Покрај тоа, за да ја зачуваме автентичноста, настојувавме ифтарот да ни биде исполнет со нашите традиционални јадења ( татлија, јагнешко.. и др.).

Се разбира, ако е насип, и да си го дочекаме и следниот Рамазан, секако намерата ни е да го продолжиме организирањето на ваквата свеченост, кој малку по малку ќе нистане традиција.

Исто така, да не забора, одржувањето на овој традиционален ифтар не може да се замисли без членовите на Хуманитарното Здружение “ Младина“ од Нова Горица, кои на секако вид несебично се вклучија и вклучуваат во помагање на оваа свеченост, исто какои претходната година, и да им се заблагодарам за сѐ што прават истата да опстои, и на крај да им се заблагодарам исто така и на сите оние кои изнајдоа време да учествуваат, односно присуствуваат и со сето тоа, збогатат оваа Традиционална ифтарска вечер, ни изјави директорот на “Султан Турс“ г-динот Недим Тафилоски.

Се разбира, ваквите активности станаа дел од нашите октивности, кога станува збор оддржувањето на оваа свеченост (ифтар), членовите на нашето здружение несебично помагаат во организирањето и се друго што е поврзано се неа, како и тоа во рамките на нашите можности било, организационо, финансиски или слично да помогнеме во нејзиното оддржување.

Како што гледате, вечерва за разлика од минатата година не има во уште поголем број на нашинци од разни краишта и тоа на некој начин ни дава поддтик за понатамошно помагање во опстојувањето на ова свеченост – стои во кратката изјава од страна на Хуманитарното здружение “ Младина“ од Нова Горица- Словенија.

А, нас како редакцина на Дубаи Портал и ДИТВ, ни преостанува да им се заблагодариме на Донаторот “Султан Турс“  и дечките од здружението “Младина“ да им се заблагодариме на поканата и довербата за реализација на оваа свеченост.

Во продолжение преку приложеното видео, можете да погледнете дел од синоќешната атмосфера: