Израелската полиција не дозволи палестински млади да влезат во Ал Акса за сабах намаз

by Administrator

Израелската полиција утрово интервенираше за да спречи палестинска младина да влезе во комплексот Ал Акса за утринската молитва.

Очевидци јавуваат дека израелските безбедносни сили утринава го засилиле своето полициско присуство во Стариот град на окупираниот Источен Ал-Кудс/Ерусалим. Израелската полиција постави железни барикади на неколку локации во регионот и не им дозволи на младите да влезат во џамијата Ал Акса.

Полицијата интервенираше и со палки за да спречи многу палестински млади да се приближат до портите на светиот комплекс. Интервенцијата предизвика протест на палестинската младина која прерасна во конфликт со полицијата. Палестинската младина потоа ја молеа утринската молитва пред Ал Акса.

You may also like