Врз основа поднесеното жалбено барање од страна на легитимниот директор г-дин Фадил Исламоски на ОУ Гоце Делчев-Подгорци, на донесеното незаконско решение од страна на г-дин Зијадин Села, Второстепената владина комисија при Р.Македонија, согледувајќи ги сите поднесени докуменити со жалбеното барање на директорот Фадил Исламоски и водејќи се од позитивните законски прописи констатира прекршок на законот за избор на директор во основно образование, и го поништи незакоснки донесеното решиние донесено од г-дин Зијадин Села, за разрешување на легитимно избраниот дир Фадил Исламоски кој патем кажано има уште три години за директор од неговиот мандат за директор,а го поставува со истото решение за ВД директор Бранислав Плушкоски кој исто така патем кажано е наставник со вишо образование и три месеци пред пензија,кој што воопшто не ги исполнува законските прописи и услови за назначување за ВД Директор.
Со ова Второстепената владина комисија ја потврдува легитимноста на незаконски сменетиот директор г-дин Фадил Исламоски,.
Тоа значи дека сите одлуки кои овој ВД Директор ги донел или пак потпишал, стануваат нелегитимни.
Сега се поставува прашањето кој ќе одговара (прекршочно-кривично) за потпишување на сега веќе неважечките сведителство потпишани од г-дин Бранко Плушкоски.
Како и да е, уште еднаш се потврди фактот дека сепак во нашава држава колку толку фунционира законот и во прашање е само време кога правдата ќе ги стигне сите ониие кои ја искривуваат.
Покрај ова, почитувани посетители, Ве известуваме дека наскоро на нашиов портал ќе биде објавен и факсимил документ, со кој се одстранува незаконската одлука спроведена во нашево училиште, а за одговорноста наскоро ќе се дознае кој ќе сноси одговорност.
Како што пишувавме во нашите текст колумни : Кога народот одлучува…, и навистина одлучува.










