Како интернет портал, ни причинува посебна чест и задоволство кога известуваме за наши сограѓани, пријатели,соселани, кои на некој начин постигнуваат успеси во секоја сфера од општетството, средината во која живеат, допринесуваат за истата.

Оваа наша информација ја споделуваме до сите Вас кои нѐ посетувате и на некој начин поддржувате.

Нема достапен опис

Станува збор за успехот на нашиот сограѓанин (октишанец) Бени Османоски, кој по кој знае пат својот труд го крунисува со успех.

На вечерашната свеченост од доделувањето на наградата за спортист на годината за 2022 година во Швајцарскиот град Биел, Бени уште еднаш по 5-ти пат ја доби оваа награда, која му беше доделена од страна на Министерката за спорт во Швајцарија, и градоначалникот на град Биел.

Нема достапен опис

Како и секогаш наградата се доделува на оние кои ја заслужиле, како и секој пат, трудот, и желбата за успех наградата ја донесоа во моите раце, ни изјави Бени.

Би сакал како и секогаш посебна благодарност да изразам до сите оние кои ме поддржуваат, даваат подтик да продолжам со остварување на моите цели. Се разбира Тука е и моето семејство кои секогаш представува дел од мојот успех. се разбира оваа награда ни припаѓа на сите нас, како и сите друго останати кои досега сум ги постигнал, и кои ќе продолжам да ги остварувам.

Она што посебно би сакал да го издвојам е моето незадоволство од медиумскиот простор и незаинтересираноста во Македоија преку кој треба да се пренесуваат ваквите успеси, ова истовремено е ваш успех, бидејќи и јас доаѓам од Македонија иако живеам тука во Швајцарија, заврши Бени Османоски.

Како и да е, уште еднаш благодарност до СИТЕ ВАС..

Нас како редакција на Дубаи Портал, како и во повеќе наврати, на Бени ќе му посакаме и понатамошни успеси и постигнување на целите кои си ги зацртал. И тоа дека заслуженото секогаш си доаѓа во рацете на оние кои го заслужиле, без разлика на тоа што и како мислат другите ( македонски медиуми).

Нема достапен опис

Од минатогодишното доделување на наградата:

ОФИЦИЈАЛНО: Бени Османоски избран за најдобар Кик боксер во Швајцарија

Шампионот си останува шампион: Бени Османоски со уште една голема победа