За секогаш вложен труд, и желба за постигнување на успех, не изостанува резулататот а тој секогаш со себе носи уште еден успех.
Таквата желба и труд, синоќа во Швајцарскиот град Цуг, нашиот шампион во Кик-Бокс, Бени Османоски го награди со уште еден успех во низата претходно кои овој борец успеал да ги нанижи.

Синоќа, Бени како предизвик – борба во местото Цуг во супер борба до 82 килограми, извојува уште една победа против Германскиот непобедлив нокаутер Себастијан Гиф.
Бев целосно подготвен и спремен за уште еден ваков предизвик, се разбира и физички и морално, и се разбира неизоставената поддршка од моите најблиски и семејството.
Пред се благодарение на Аллах, во рингот уште една со едногласна одлука на судиите ја потврдив мојата подготвеност, односно извојував уште една победа, која му ја посветувам на сите оние кои ја следат, почитуваат и поддржуваат мојата упорност во постигнувањето на победи во овој спорт – изјави за Дубаи Портал, Бени Османоски.

А, нас на редакцијата на Дубаи Портал, не ни преостанува ништо повеќе, освен на Бени да му честитаме на постигнатата победа-ниот успех, и да му посакаме уште многу вакви победи.










