Нивото на антитела кај вакцинираните со две дози, се намалува побрзо отколку што се мислеше, според студија спроведена во Шведска, пишува „Sputnik“, пренесува „Dubai-Portal“.
Беше испитувано нивото на антитела кај луѓе кои примиле две дози вакцина „Фајзер“ („Pfizer“) или „Астразенека“ („AstraZeneca“).
Во истражувањето учествуваа 2.000 вработени во здравствени институции, а целта на истражувањето беше да се открие колку долго трае имунитетот по вакцинацијата.
Кај луѓето вакцинирани со вакцината „Фајзер“, нивото на антитела се преполови во рок од три месеци по вакцинацијата, додека по седум месеци нивото на антитела изнесуваше само 15 проценти од првичното, што значи дека е забележан пад од 85 проценти, вели шведскиот јавниот сервис „SVT“.
Кога станува збор за „Астразенека“, учесниците во истражувањето подоцна добиле втора доза, па биле следени само во рок од три месеци. Оваа вакцина, исто така, покажала уште поголем пад на антителата – по три месеци.
Шведската телевизија наведува дека нивото на антитела кај оние кои го поминале ковид и ја примиле вакцината било многу повисоко во споредливи периоди.
„Фактот дека нивото на антитела опаѓа со текот на времето се очекува, но јас сум изненаден од таков брз пад во група која е релативно млада и здрава“, вели Шарлот Телин, водач на тимот кој го спроведе истражувањето.
Таа додаде дека таков брз пад на нивото на антитела може да укаже на можност за зголемено ширење на корона вирусот дури и кај вакцинираните луѓе, што може да има особено опасни последици за постарите лица.
Шведската телевизија наведува дека ова истражување е еден од показателите зошто земјите со висока стапка на вакцинација се соочуваат со силно ширење на вирусот. Сепак, како што велат научниците, сеуште не е јасно каде завршува заштитната граница.
„Антителата се само дел од имунолошкиот систем и знаеме дека нивното високо ниво е поврзано со заштита од инфекција. Меѓутоа, имунолошкиот систем има и мемориски клетки кои брзо го зголемуваат нивото на антитела кога се изложени на вирусот, но не знаеме каде е границата пред некој да се разболи “, вели Телин.
Во Шведска, која има околу 10 милиони жители, 63 проценти од населението е вакцинирано, а досега се регистрирани 1,15 милиони случаи на корона вирус, со околу 15.000 починати.
Шведска, инаку, беше позната по поинаков пристап кон пЛандемијата, бидејќи, за разлика од повеќето земји, не пропишуваше строги ограничувања. И оние што постоеја, како што е препораката за работа од дома или ограничувањето на бројот на луѓе во затворени простории, беа укинати на 29 септември.
Шведската министерка за здравство, Лена Халенгрен (Lena Hallengren), неодамна рече дека земјата ќе понуди трета доза од вакцината за дополнителни популации.
*Према оваа студија сосема е јасно, дека ќе се форсира трета доза на вакцина, која еден ден нема да биде доволна и ќе се има потреба од четврта.
„Sputnik“
„Dubai-Portal“








