Организаторите на извидничкиот камп повикани на разговор во полиција

by Administrator

Јавното обвинителство дало насоки за расчистување на предметот по пријава од родител дека малолетници биле вклучени во непримерни активности

Организаторите на извидничкиот камп во близина на Скопје се повикани на разговор во полициска станица откако родител пријавил во МВР дека малолетни деца биле вклучени во непримерни активности.

Од МВР го известиле јавното обвинителство од каде што, пак, дале насоки за расчистување на предметот.

Од МВР за МИА потврдиле дека извршиле разговор со родителот и оти за случајот е известен јавен обвинител и од Министерството постапуваат по насоки дадени од обвинителството.

Упатени извори во случајот за МИА потврдиле дека и лица што се инволвирани во активностите на извидничкиот камп, по насока на обвинителството се повикани на разговор во полиција.

За случајот пишуваше „Слободен печат“, во чија редакција се обратил родител и сведочел дека неговата малолетна ќерка доживеала шок и трауми на извидничкиот камп организиран изминатиот викенд во близина на Скопје, насловен како „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рокенрол“. Според сведоштвата на неговата ќерка за кои тој зборува во аудиоснимка објавена на „Слободен печат“, на кампот имало непримерни активности во кои малолетници, меѓу другото, „симулирале секс-пози до манастир“ под превез на сексуална едукација.


„360 stepeni“

You may also like