Следејќи ги препораките на СЗО околу спречувањето на ширењето на вирусот Kовид-19, а со тоа и ставање крај на пандемијата, нашето здружение ЗОК „Амбиција“ реши да се приклучи и да помогне околу овој светски проблем на локално ниво.

Имено ние решивме темелно да пристапиме кон спречувањето на ширењето на овој опасен вирус на тој начин што ќе организираме делење на маски преку кои, како што стои во нашето мото “Заштити се”, преку заштита на поединецот всушност се заштитува целото население. А тоа ќе резултира со спречување на доспевање на вирусот до критичните делови од телото, пришто ќе се спречи неговото навлегување во дишните органи. А со тоа пак ќе се спречи ширењето на вирусот од човек на човек, што е круцијално за заштитата на целата популација.
Маските се за повеќекратна употреба. Притоа после употребата треба да се исперат со средство за чистење, а потоа да се испеглаат со пегла како од неа, покрај естетскиот изглед, би се отстраниле бактериите и вирозите кои евентуално не би се отстраниле со перење. Исто така донирани се и дезинфекциски средства од анонимен соработник, која количина ќе ја задоволи потребата од местата каде евентуално би се собирале луѓе.
Маските се донација од наши долгогодишни партнери во хумани проекти, тоа се фирмите „Неџо Комерц“ и „Р-контрол“, како и други наши соработници и помагачи од нашава околина, кои сакаа да останат анонимни, како и волонтери/-ки кои доброволно се нафатија со набавка на материјали и шиење на одредена количина на маски. Ја користам оваа прилика длабоко и од сесрце да им се заблагодарам за нивните донации и ангажман. И понатака будно ќе ја следиме состојбата на терен, и доколку се јави потреба, донаторите како и волонтерите благовремено ќе одговорат.
Во оваа прилика сакам да нагласам дека сме отворени за предлози и идеи, и не само околу заштитата од корона вирусот, туку и околу исполнување на потребите на луѓе кои ги има погодено оваа пандемија, дали е тоа набавка на материјали или средства, или пак пружање на било каква помош. Еве за пример, пред извесно време фирмата „Еуро Контрол“ преку нашето здружение донираше извесна количина на пакети со прехрана. Која акција, доколку детектираме потреба на терен, би ја обновиле со поширок размер. Уште ми преостанува да упатам апел од името на ЗОК „Амбиција“ до граѓаните да останат смирени и да ги преземаат сите мерки и препораки кои ги дава СЗО, како и да ги почитуваат сите прописи кои ги пропишуваат министерствата на Република Северна Македонија.
Мухамед Ајдиноски – секретар на ЗОК „Амбиција“









