Владините сили во Либија во воздушен напад уништија цистерна и возила со тешко вооружување на милитантите на Хафтар

by Administrator

Силите на меѓународно признатата Влада на национално единство на Либија извршија жестоки воздушни напади врз позициите на нелегитимните милитантни сили кои ги предводи Калифа Хафтар, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Воздушните сили уништија цистерна за гориво и две воени возила со тешко вооружување кои се доставени на терористичките милитанти на Хафтар“, соопшти воениот службеник, полковник Мухамед Кунуну.

Тој додаде дека нападот е извршен на југозападната периферија на Триполи.

Рано утринава силите на либиската Влада соопштија дека извршиле шест воздушни напади врз конвоите на силите на Хафтар и пет такви удари на воената база „Ал Ватија“ на Хафтар.

Воздушната база „Ал Ватија“ е клучна база во Либија која милитантите на Хафтар ја окупираа во 2014 година. Токму таа база Хафтар ја користи како седиште од кое раководи со нападите на Триполи и другите либиски региони.

You may also like