Ќе се одбира уште еден министер и негов заменик во Владата

0
131

(Дубаи – Портал) – Основањето на Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците на местото на Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор, кој треба да се укине, влезе во собраниска процедура.

Неговото формирање ќе се регулира со предлозите за измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа и на Законот за Влада со кои се предвидува

Со овие законски решенија ќе се регулираат надлежностите и на други државни органи, а новиот ресор дел од дејностите ќе превземе и од Министерството за образование и наука и од Министерството за култура.

Се предвидува на предлог на претседателот на Владата во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на новите законски решенија да се избере министер кој ќе раководи и негов заменик.

Дополнителни финансиски средства и материјални обврски кои ќе треба да се обезбедат не се наведени.

Mahir Demişoski