“Пресудата на Караџиќ е соодветна во интерес на правдата”, вели турскиот министер за надворешни работи.
(Дубаи – Портал) – Одлуката да се осуди Радован Караџиќ на доживотен затвор е “соодветна во интерес на правдата”, рече турскиот министер за надворешни работи во средата.
“Радован Караџиќ, месарот на Босна, е осуден на доживотен затвор за неговата улога во геноцидот во Сребреница”, рече на Твитер Мевлут Чавушоглу.
“И покрај тоа што оваа доживотна казна, не ја ублажува болката што ја чувствуваме за колењето на нашите босански браќа и сестри, оваа одлука ја сметаме за соодветна во интерес на правдата”.
Во 2016 година, Караџиќ беше осуден на 40 години затвор од страна на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, обвинет за геноцид и злосторства против човештвото во врска со босанската војна во периодот 1992-1995 година. Тој поднесе жалба во која бараше ослободување или повторно судење.
По затворањето на поранешниот југословенски трибунал во 2017 година, Апелациониот совет на Механизмот за меѓународни кривични судови ги презеде случаите.
Во средата ја објави одлуката за жалбата на Караџиќ која траеше три години.
Советот, исто така, го осуди Караџиќ (73) за геноцид во Сребреница, Босна и Херцеговина.
Неговата жалба на неговата 40-годишна затворска казна, исто така, беше одбиена.
“Со оглед на бруталноста и невидена големина на извршени злосторства, 40-годишната затворска казна не беше доволна”, порачаа од Советот.
Советот ја потврди свеста на Караџиќ за убиствата извршени во јули 1995 година по падот на Сребреница.
Меѓутоа, тој беше прогласен за невин за геноцид во седум други градови на Босна и Херцеговина
Покрај единствената пресуда за геноцидот, тој исто така беше прогласен за виновен по пет точки за злосторства против човештвото и четири обвиненија за воени злосторства, вклучувајќи го и земањето на војниците на Обединетите Нации како заложници, уништувајќи цивили, убиства и напаѓање на војници.
– “Уривање на неговата политика на Голема Србија”
Караџиќ беше претседател на самопрогласената република на на Босански Срби, и врховен командант на нејзините вооружени сили во периодот помеѓу 1992 и 1995 година, кога 100.000 Босанци починале откако поранешна Југославија падна во етничко крвопролевање.
Тој е обвинет за 11 точки од обвинението за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучувајќи ја и опсадата на Сараево и геноцидот во Сребреница, најлошото злосторство во Европа по Втората светска војна.
Жељко Комшиќ, хрватски член на претседателството на Босна и Херцеговина, ја пофали пресудата. Тоа “претставува минимална правда за сите жртви, Бошњаците и Хрватите, кои беа систематски истребени, како дел од геноцидниот проект на создавање на Република Српска”, рече тој во изјавата на Твитер.
Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ рече дека пресудата не може да ги врати жртвите.
“Денешната одлука е конечна пресуда за еден од главните идеолози и извршители на политиката на Голема Србија, кој не се двоумеше да изврши геноцид и други најсериозните меѓународни злосторства против Бошњаците и Хрватите , со цел да се создаде т.н. Голема Србија”, стои во изјавата на Твитер.
Пресудата “мора да служи како трајно предупредување за пропаста на оваа политика”, додаде таа.
На казната доживотен затвор, поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор рече: “Тој продолжвуа да живее, а жртвите остануваат мртви, и ништо не може да ги врати”.
“Моето мислење е дека, секоја една казна за Караџиќ е премногу мала”, изјави Војводина Ненад Чанак во Српскиот парламент, – претседател на Српската лига на социјалдемократите.
Караџиќ првпат беше обвинет во јули 1995 година за убиства на невооружени цивили во Сараево и за земање на мировници на ОН како заложници. Четири месеци подоцна, тој беше обвинет за организирање на масакрот на 8.000 муслимани мажи/деца, откако српските сили ја запленија безбедносната област на Сребреница во источна Босна.
Тој отиде во бегство по војната, но во 2008 конечно беше уапсен во Белград.
За време на неговите судски процеси, повеќе од 580 сведоци сведочеа за злосторства како што се, убиствата на Муслиманите и Хрватите, уништувањето на приватни објекти како и џамиите низ цела Босна.
На казната доживотен затвор, не е поднесено жалба.
Mahir Demişoski
