Турција и Индија со заеднички фестивал во чест на културните врски

by Administrator

(Дубаи – Портал) – “Индија од Босфорот” ќе се одржи во градовите Анкара, Коња, Измир и Истанбул.

Во средата, Индиската амбасада во Анкара инаугурираше фестивал за да ги прослави културните врски меѓу Индија и Турција.

“Индија и Турција се две земји кои се познаваат со милениуми”, рече амбасадорот Санџај Батачарјаја на свеченото отворање на фестивалот насловен “Индија од Босфорот”.

“Ние патувавме преку копното, ги преминавме морињата и го премостивме небото, за бизнис и размена на идеи”, рече Бхатачарја.

“Индија и Турција се стари цивилизации и браќа, но тоа се огромни трансформации кои се случија во последниве децении во нашите земји, во нашите економии и во нашите општества кои не прават природни партнери во 21 век”.

Батачарја рече дека “мега-фестивалот на Индија, кој за прв пат се одржува во Турција”, ќе се одржува секоја година.

Тој рече дека фестивалот ќе има 10 различни уметнички форми. Ќе се изведат индиска класична музика и танц, индиски блуз ,фанк и суфи музика. Јога и Ајурведа, традиционален систем за исцелување, исто така ќе бидат воведени и ќе бидат организирани работилници за Боливудски танц. За време на фестивалот, ќе се одржат театарски претстави од кукли и ретка изложба на фотографии на Махатма Ганди, познат како татко на индиската нација. Посетителите, исто така, ќе можат да уживаат во индискиот фестивал на храна и модна ревија.

Mahir Demişoski

You may also like