(Видео) Палестинци на протести заради одлуката на Трамп, Израел одговори со оружје

by Administrator
Израелските сили денес попладне насилно ги пригушија протестите на окупираните територии кои Палестинците ги оддржуваат четври ден по ред како би го изразиле незадоволството заради американското признавање на Ерусалим за израелска престолнина.
 [embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=6YKtcfGQa8U[/embedyt]
Израелските сили пригушиле неколку протести во областа Хеброн во јужниот дел на Западниот брег, при што биле повредени тројца Палестинци, објави WAFA.
Еден Палестинец бил повреден од гумен куршум кои израелските војници како оружје ги употребувале за време на конфликтот Баб ал-Завија.
Уште најмалку две лица биле повредени од боева муницијата во кампот за бегалци Ал-Арууб. Ранетите биле пренесени во болници.
Израелските сили сличните митинзи пригушиле и во градовите Саир и Јат во Хеброн, при што многу демонстранти се здобиле со повреди на органите за дишење.
Неколку демонстранти биле ранети, а петмина биле уапсени на митингот во близина на населбата Тал Румеида во Хеброн.
Палестинците, исто така, се собрале и на северниот влез во градот Ал-Бирех, извикувајќи слогани против одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел.
Израелските војници отвориле оган врз демонстрантите, повредувајќи еден од нив со гумен куршум.
Израелските сили, исто така, нападнале митинзи во Витлеем, градот Беит во областа Наблус и контролниот пункт Улвара, како и во селото Куфр Каддум во Калкилија.
Извор:Klix

You may also like

Leave a Comment