„Голф 4“ и „Голф 5“ се судрија во струшко, двајца тешко повредени

by Administrator

Две лица од кои едно малолетно се здобиле со тешки повреди во сообраќајна несреќа што се случи вчера на локалниот пат сeлата Велешта и Добовјани.

Во несреќата, како што информираат од МВР, учествувале патничко возило „Голф 5“, управувано од А.О.(28) од Струга и патничко возило „Голф 4“, управувано од А.И.(20) од с.Горно Татеши, двете со струшки регистарски ознаки.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле А.О. и малолетен сопатник од возилото „голф 4“, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид“, информираа од полицијата.

Извршен бил увид од полициска екипа.

You may also like