Ова година убиен 81 новинар

by Administrator
Најмалку 81 новинари се убиени оваа година во извршувањето на нивната работа, објави денеска Меѓународната федерација на новинари, во која се наведува дека заплашувањата и насилството врз новинарите се во пораст.
Во годишниот извештај за убиствата на новинари во кои АП имал увид, МФЈ вели дека новинарите ги загубиле своите животи во намерни убиства, бомбашките напади и вкрестен оган низ целиот свет.
МФЈ сугерира дека ова година во затвор имало повеќе од 250 новинари.
Во извештајот се наведува дека бројот на загинати до 29 декември е најнизок во последните десет години, и потсетува дека 93 новинари биле убиени минатата година.
Највеќе смртни случаи имало во Мексико, меѓутоа исто така претставници на “Седмата сила”, настрадале и во зоните на конфликти во Авганистан, Ирак и Сирија.
Претседателот на МФЈ, Филип Лерут, изјавил дека нивото на насилство врз новинарите останува “неприфатливо високо”, иако бројот на убиства се намалува.
Извор:cdm

You may also like

Leave a Comment