Што се крие зад заедничката дрвокражба во Подгорци ..???

by Administrator

Поздрав, до редакцијата на овој  Дубаи Портал.

Сакав мојот коментар за видувањето на последните настани во Подгорци, да го ставам во делот за коментари, ама мислев дека нема да бидит забележан, па еве по пат на е-маил овој текст и фотографија, ќе го замолам Админот на овој портал да ги објави, и се разбира доколку има некои навредливи зборови истите доколку смета да ги одстрани од овој текст.

Оваа е мое видување на настаните во Подгорци, т.е не оправдувам никого, туку само фактите кои подолу барем ќе кажат нешто, а секој Подгорчанец добро да размисли.

Прво би опитал?.. Зошто сега се правет вакви протести.. Зарем не знаеја што се случвит во нашава планина..?

Зарем нашите соселани не знаеја дека за така нареченото ноќно товарење на дрва од планина, по цела вечер, особено најинтензивно беше пред месец до два, прашајте ги оние од населба Шумадија, тие ќе ви кажет, за товарење на дрва во патнички коли, божем многу ја сакале планината, па дури и со патнички возила оделел нагоре и да не враќаа божем празни секоја вечер беа товарени.. Дали овие дрва беа маркирани..? ( сигурно не беа од ЈП Македонски Шуми и Елко и Ќаско).

Можеби ЈП Македонски Шуми и Елко и Ќаско извршија (можеби) некотролирана сеча.. ама тие не транспортираа во патнички коли во текот на ноќта.

Ова ти е како заедничка кражба, едниот арамија го напаѓа другиот арамија за кражба и така…

Сите знаевме што се случвит , а сите молчевме, и сега изгледа се расипаа коалицијата на заедничко неконтролирано сечење, односно едни сечи други бери, па ајде тогаш да им напрајме протести па да видет со кого имет  работа.

Како и да е драги сограѓани немојте да наседнувате на никакви провокации од страна на било кого, значи претходно видете ја сликата која беше објавена на интернет, кој беа горе и ќе ви станит јасно.

Ама едно е 100% сигурно дека е извршена неконтролирана сеча во нашава планина.

И сега некој сака да собира поени на оваа, демек ја ќа кажа што се случвит во Подгоречката планина, да излеза пред новинари и.. Би сакал да им порачам на сите такви без да знаат за точни информации да не излегуваат пред телевизии и друго заш на крајот ќе ……???, а згора на тоа и шират дезинформации..

Покрај тоа 100% е сигурно и тоа дека овде има и заедничка кражба на дрва.. само што неко сега го користи овој момент за некаква си кариера.. политика.. или пак ситен интерес.

А, Аллах, таквите да ги обелоденит иншала, што поскоро за да видит народот со кого си имаме работа.

Притоа сакам да објавам и една критика (мала) до Админот на овој Портал, зошто не објавија малку поопширни информации околу овој настан, туку само од првиот ден, а понатаму не?

Очекувам дека админот на овој Портал че го објави мојот текст и однапред му благодарам.

Редовен член на Дубаи Портал.

ДУБАИ ПОРТАЛ.

 

 

You may also like

Leave a Comment