Руски удар за Западот: Кина започна со изградба на гасовод за примање на Руски гас.

by Administrator

гасоводРусијаКина

Кина минатата недела започна со изградбата на гасоводот за примање на руски гас од Сибир, соопшти денес руската компанија “Gasprom”.

Русија и Кина потпишаа договор вреден 400 милијарди долари, со кој е предвидено изградба на гасовод.

Руската страна, треба од своја страна да вложи 55 милијарди долари во овој проект, вклучувајќи го и развојот на нозви наоѓалишта на гас.

“Gasprom”. соопштил дека разговорите за таканаречената западна рута, која ќе ги поврзе наоѓалиштата со Кина многу добро напредуваат.

Договорор помеѓу Русија и Кина потпишан е во текот на минатогодишната поесета на рускиот претседател Владинир Путин на Пекинг. Тој тогаш изјавил дека ова засега е “ најдолем договор во гасната свера во епохата на Советскиот Сојуз и Русија“.

Според одредбите од договорот, Русија во период од 30 години во Кина ќе извезува по 38 милијарди кубни метри гас, со можност таа количина да се зголеми на 60 милијарди кубни метра.

 

You may also like

Leave a Comment