Коѕијас следниот четврток доаѓа во Охрид

by Administrator

Следната средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, ќе биде следниот четврток, на 12 април во Охрид.

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас се очекува да допатува во Охрид од Белград, во рамки на неговата мала балканска турнеја. Од Охрид , тој ќе замине во Приштина.

Нивната последна средба беше во Виена минатата седмица, а малку претходно Коѕијас беше во Скопје, каде што првпат слета на аеродромот кај Петровец.

Коѕијас по последната средба со Димитров во Виена, изјави: „ Се надевам дека на следната средба ќе бидеме подготвени да направиме голем чекор“.

Извор:НоваТВ

You may also like

Leave a Comment