Во интервју за „360 Степени“, министерот за надворешни работи, Никола Димитров зборуваше за тековните преговори за името по последната средба со грчкиот колега Никос Коѕиас во Охрид.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=KHIia8z237A[/embedyt]
Тој рече дека во Виена бил постигнат значителен условен напредок, но и дека остануваат големи планини, односно се уште остануваат отворени и без решение најтешките теми, како што се грчкото барањето за промена на Уставот на Република Македонија и опфатот на употреба на новото решение. Димитров потврди дека од четирите клучни елементи во преговорите (новото сложено име, опфатот, именувањето на јазикот и на државјанство), се уште еден стои како разлика, што влијае и на другите.
Во однос на барањето за ерга омнес Димитров рече дека нашето име е Македонија, и тоа не може никој да го испреговара или да го менува.
– Работата е да се најде дистинкција што ќе помогне да се реши овој проблем, од нашата држава Македонија во однос на регионот „Македонија“ во Грција, бидејќи географскиот регион „Македонија“ е барем во три држави, повтори Димитров.
Извор:НоваТВ