Бутарис: Терминот Македонија не е закана за грчкиот идентитет

by Administrator

Терминот „Македонија“ не е закана за идентитетот на Грција, изјави  градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис по денешниот антимакедонски протест во градот.

-Луѓето се многу слабо информирани, си замислуваат разни работи и се плашат дека некој ќе ни ја украде историјата, а тоа не е вистина, изјави Бутарис за бугарската телевизија БТВ.

Солунскиот градоначалник изразил жалење дека  и  по 25 години расправии за името,  земјите се на истата позиција.

Извор:НоваТВ

You may also like

Leave a Comment