Американец приведен откако нападнал полицаец во ОЈО

by Administrator

Полициски службеник бил физички нападнат вчера попладне од О.С.А. (54) од САД во холот на Основното јавно обвинителство во Скопје.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека американскиот државјанин го нападнал полицаецот по  вербална раправија.

Настанот се случил вчера попладне околу 15 часот, а два часа подоцна Американецот бил приведен и задржан во полициската станица во Центар. Од МВР не соопштуваат други детали.

Извор:НоваТВ

You may also like

Leave a Comment