Жители на гостиварско Врапчиште денеска по петочната молитва протестираа против спортските обложувалници, јави телевизијата 21.

Тие го блокираа патот што минува покрај зградата на општина Врапчиште, и потпишаа петиција на која собраа 800 потписи.

Жителите на Врапчиште реагираат што во објекти наменети за домување се отвораат обложувалници и ја повикаа и централната власт да реагира.

На протестот, во знак на поддршка излезе и градоначалникот на Врапчиште, Исен Шабани.

Извор:Мета

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here