Протест
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку видео обраќање повика на протестен марш во Струмица во недела со почетокот од 13 часот од паркот во Струмица до општината.
– Јас како и многумина од ВМРО-ДПМНЕ сме одлучни дека ќе одиме до крај и нема назад се до конечната победа која ќе и донесе победа на Македонија. Време е да се чуе нашиот заеднички глас. Да ја победиме неправдата и да се чуе тој пркосен глас кој силно вриска во вашите срца и да кажеме да, мора подобро – вели Мицкоски.
Тој во обраќањето кој го почнува со „драг сограѓанин“ вели дека живееме живот во кој поразите стануваат секојдневие, а победите ги нема.
– Во општеството сеат поделба, владата и министрите кои те убедуваат во сосема спротивна розова и разубавена слика од она која реално ја гледаш и чија суровост ја живееш секој ден те прави пасивен. Дополнително ти вели премиерот името Македонија морало да се избрише, ама пустото боли, пече, затоа што тоа е името под чиј бајрак и име растеле и умирале твоите предци, и под чиј код се родени твоите деца. Името кое го изговараш со чест, достоинство и трепет во душата и сега ти велат морало да се откажеш затоа што само така ќе било подобро, а ти знаеш дека тоа не е така – вели Мицкоски.
На прашањето дали може поинаку тој одговора дека може доколку „се крене и чуе твојот глас, гласот на твоите блиски, роднини и пријатели“. На крајот тој вели дека влегол во политиката со чиста мисла и со надеж дека ќе остави зад себе нешто добро за иднината на државата.
Извор:Мета
Протест против промена на името се одржува вечерва пред Собранието на Република Македонија.
„Македонија, Македонија“, извикуваат околу 1.500 учесници на протестот.
Протестот започна околу 20 часот.
Демонстрантите запалија факли и ја пејат навивачката песна „Излези момче“.
Денеска на протест повика навивачката група Комити за, како што рекоа, одбрана на Македонија.
Насобраните граѓани протестираат против најавениот договор за промена на уставното име на Македонија.
„Нашето име е нашиот идентитет“, „Лажете, сушите, на Грците им го пушите“, „Едно име имаме – Македонија“, „Македонија ја извисивте, на бесилка ќе висите“, „Предците наши во гроб се вртат, а политичарите на соседите им се тртат“, пишува на паролите што граѓаните ги истакнаа на протестот. Тие бараат и оставка од Владата.
Не се знае кој е организатор, во текот на денот преку социјалните мрежи се испраќаа апели за учество.
Меѓу насобраните граѓани нема некој од поистакнатите политичари на опозицијата, пред Собранието има зголемени полициски сили.
Протестот се уште трае.
Извор:НоваТВ
За време на денешните масовни демонстрации, на “Големиот марш за враќање” на границата на појасот Газа и Израел загинале двајца, а биле повредени 40 Палестинци, јави агенцијата Анадолу (АА).
ФОТО: АА
Палестинскиот портпарол Есреф ал Кудра изјави дека 24-годишниот Ахмед Ресад Усамин и 25-годишниот Ахмед Небил Абу Ахл денес биле убиени за време на масовните демонстрации кои се одржуваат четири петоци по ред.
Тој потврди дека 40 лица се ранети.
Илјадници Палестинци на границата во Газа мирно протестираат веќе четири петоци по ред и го обележуваат Денот на земјата за да се потсетат на 30 март 1976 година, кога Израел од нив одзеде илјадници хектари земјиште.![]()
Денешниот, Марш го носел називот “Петок на Шехидите и затворениците”, а локација и денес е границата на Газа.
Досега, 37 Палестинци се убиени, а повеќе од 3.500 повредени. Протестите се планираат да продолжат до средината на мај.
Денот на Земјата се обележува во Палестина од 1976 година и на некој начин го симболизира отпорот на Палестинците за да ја вратат својата земја, посочувајќи ја одговорноста на меѓународната заедница за заштита на правата на палестинскиот народ, воспоставувањето на независна палестинска држава и враќањето на палестинските бегалци во татковината.
Извор: Faktor/Foto:AA
Неформалната група „Правда за Алмир“ денеска повторно протестираше поради случајот со загинувањето на 4-годишниот Алмир Алиу минатата година, јави „Порталб“. Протестот се одржа пред Собранието додека внатре пред пратениците се обрати високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини.
Според еден од организаторите на протестот, актерот Висар Вишка, целта на собирањето била да се покаже на Могерини дека „правдата во Македонија е мртва“. Вишка нагласи дека во извештајот за Македонија што Европската Комисија го објави завчера, се порачува оти треба да се преземат мерки за унапредување на правосудството. Тој порача и дека случајот на Алмир Алиу не е наследен од претходната влада, туку е одговорност на сегашната.
– Побаравме Могерини да ги праша Хан и ЕУ дали е ова правдата со којашто Европа се гордее, дали оваа правда треба да добие позитивна оценка од ЕК, кога знаеме дека се обидуваат да ни ја продадат како кристално чиста иако во нивниот извештај се вели дека треба уште работа во правосудството – рече Вишка.
Четиригодишниот Алмир Алиу беше прегазен пред Здравствениот дом во Куманово на 25 јуни 2016 година.
Извор:Мета
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги обвини унгарскиот милијардери од еврејско потекло, Џорџ Сорос, дека организираат кампања на протести против израелскиот план за депортирање на илјадници африкански имигранти.
“Џорџ Сорос ги финансира протести”. Обама депортираше два милиони имигранти, и никој не рече ништо”, изјавил Бенјамин Нетанјаху на сесијата на израелската влада, објавија израелските медиуми.
Весник потсетува дека унгарскиот премиер Виктор Орбан минатата година водел кампања против Сорос, обвинувајќи го за користење на неговото богатство, моќ, влијание и мрежа на невладини организации за населување на милиони мигранти во Унгарија и Европската унија.
АП известува дека околу 40.000 мигранти, речиси сите од нив од Еритреја и Судан, пристигнале во Израел во последниве години, бегајќи од опасност и барајќи нови можности за живот.
Извор:RSA
Според најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ, преку вчерашните протести во Атина беа испратени пораки кои не одат во насока на продлабочување на добрососедските односи.
-Слушнавме изјави полни со национализам и иредентизам кои се спротивни на намерите за приближување на Република Македонија и Република Грција. Колку протестот го отсликува мислењето на грчкиот народ е тешко да се каже, но присуството на службени униформирани лица или лица во униформи на андартите, секако испраќа лош сигнал во однос на напорите за градење на доверба. Министерството за надворешни работи на Р. Македонија има обврска да ги штити националните интереси, да упати соодветни реакции и да побара соодветни одговори од грчка страна, велат од ВМРО ДПМНЕ во реакцијата на барање на НОВА.
Од опозициската партија посочуваат дека „одговорност на оние кои што учествуваат во преговорите е да се произнесат дали и на кој начин влијаат ваквите протести врз целокупниот процес“.
ВМРО ДПМНЕ во соопштението изразува надеж дека Владата на Република Македонија ќе изнајде достоинствено решение за спорот кое нема да задира во највисоките државни и национални интереси.
Во врска со вчерашниот протест во Атина, како реакција, Владата на Република Македонија потенцира дека е посветена на градење доверба со Владата на Република Грција, со јасна цел достоинствено да се решат отворените прашања на двете соседни европски земји.
-Веруваме дека и во Грција и во Македонија мнозинството граѓани сакаат добрососедство кое води кон пријателство и кон цврста стабилност и економски развој на целиот регион, велат во Владата.
Извор:НоваТВ
Владата на Република Македонија е посветена на градење доверба со Владата на Република Грција, со јасна цел достоинствено да се решат отворените прашања на двете соседни европски земји, е официјалниот став на Владата во врска со вчерашниот протест што се одржа во Атина.
-Веруваме дека и во Грција и во Македонија мнозинството граѓани сакаат добрососедство кое води кон пријателство и кон цврста стабилност и економски развој на целиот регион, велат во Владата.
Притоа се истакнува дека Владата на РМ ги застапува ставовите кои придонесуваат кон унапредување на соработката и перспективите меѓу двете земји.
Извор:НоваТВ
Протестот во Атина е излив на национализмот, но нема да го запре процесот за решавање на спорот за името – анализира дел од експертската јавност.
Вчерашниот протест е реакција на националистичките и клерикалните кругови во Грција. Видовме единство меѓу националистичките кругови и црквата за жал. И тоа е обид да се саботира процесот на изнаоѓање решение за проблемот што Грција го има со нашето уставно име, коментира за НОВА, Александар Спасов.
,,Протестот беше очекуван, беше броен, но далеку под излезноста на која што се надеваа организаторите на протестот и во таа смисла протестот ќе има соодветно влијание врз процесот на преговорите, но нема да го попречи процесот, што значи процесот нема да запре поради самиот протест. Крајната цел е да се спречи приемот на Македонија во НАТО, а подоцна и во ЕУ што во крајна линија е во интерес на оние кои се противат на проширувањето на НАТО, а тука е политиката на Русија и затоа не е случајно учеството на Грчката православна црква која традиционално негува блиски односи со Руската православна црква која е експонент на политиката на Москва“, вели Спасов.
Суштината на ваквите изливи на национализам лежат длабоко во грчкото општество кое никогаш не успеа да се соочи со своето минато. Пораките од протестот беа крајно дегутантни, повеќе соодветни за собир на некоја фашистичка група , а не на демократски протест против некоја политичка акција.
,,Ова е резултат на долго негуван национализам кое во одредени кругови се граничи со шовинизам и со кое грчкото општество не успеа да расчисти . Крајот на 70- ја тргнаа хунтата од власт, која меѓу другото беше екстремно националистичка и по демократските промени во 80 години, Грција никогаш не се соочи со своето минато. Не се обиде да даде искрен одговор на многу прашања кои се важни од минатото, а пред се граѓанската војна во Грција од 45 – до 49 година и законот со кој забрануваше влез на сите оние кои не се Грци по род. И поради релативно хомогениот етнички и верски состав никогаш не чувствувале потреба да се соочат со своето минато и како кај сите национализми , посебно балканските сопствената историја е секогаш напишана херојска. Нема можност за нијанси во таа дихотомна структура на пријател – непријател: тие традиционално гледаат пријатели во Србија, а непријатели во Турците, Албанците и Македонците – и сега кога мора да се соочат со конкуренција во историјата постои страв од рушење на тој мит врз која е заснована државата и затоа се тие хистерични пораки“, вели Спасов за НОВА.
Спасов смета дека Западот ги има вкалкулирано и овие ситуации, кога одлучи да влезе во процес на решавање на спорот.
Поранешниот амбасадор Благој Зашов,за НОВА оценува дека Грците направија голема грешка со вчерашниот протест и сега и Европа треба да биде свесна каде е проблемот. Паролите ,,Македонија е Грција“ е токму израз на иредентизам вели тој.
Зашов е посебно изненаден од повикот на лидерот на опозицијата Кирјакос Мицотакис на демонстрации, кога токму неговиот татко го дал предлогот за Република Македонија (Скопје).
,,Неговиот татко, Константин Мицотакис беше тој кој го даде ливчето со предлогот Република Македонија (Скопје) кога во Давос, во 92, имаше средба со тогашниот претседател на Собранието Стојан Андов. И Андов во последната книга пишува за тој момент. Јас бев присутен на тој ручек на кој се разговараше беше и Кисинџер. Му даде ливче и му рече ако не се реши сега спорот, да не го објавува 10 години“, открива Зашов.
И двајцата соговорници се согласуваат дека не може да се повторат демонстрации како во 92 та, кога свој говор исто така имаше грчкиот композитор Микис Теодоракис. Вчерашниот негов говор, според полицијата го слушале 140 000 демонстранти – во 1992 повеќе од милион.
Извор:НоваТВ
Кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас објави дека грчката влада се фокусира на националните интереси и дека секое друго однесување ќе доведе до пораз на нацијата. Ципрас изјавил дека неколку илјади луѓе се собрале на улиците на Атина и дека организаторот не ги исполнил очекувањата на еден милион луѓе да протестираат.
Канцеларијата на грчкиот премиер соопшти дека повеќето Грци веруваат дека прашањата на надворешната политика мора да се решаваат без нетолеранција и фанатизам, а истото е случај и со компромисот на Грција со властите во Македонија во врска со името на оваа земја.
“Владата се фокусира на националниот интерес, умереноста, претпазливоста и инсистира на соработка, разбирање и заеднички развој”, рекол Ципрас.
Потсетуваме, илјадници Грци денес излегоа на улиците заради долготрајниот спор со Македонија околу името.
Насобраните извикувале: “Македонија е грчка и само грчка”, а композиторот на националната химна Микис Теодорокис рекол дека Грција никогаш нема да и дозволи на другата земја да го носи името Македонија.
Протестите беа организирани откако посредникот во преговорите за името околу Македонија, специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН Метју Нимиц ги посети Атина и Скопје, каде што разговараше со официјалните претставници за можностите за решавање на 25-годишниот спор.
Последниот пакет на предлог на Нимиц беше воспоставен по последната рунда разговори на Нимиц со министрите за надворешни работи на двете земји во Њујорк на 17 јануари, но досега не е официјално презентирана.
Според медиумите, постојат пет предлози: Северна Македонија, Горна Македонија, Нова Македонија, Република Македонија (Скопје), Вардарска Република Македонија.
Грција се противи на користење на името “Македонија”, отако ова земја беше одвоена од Југославија во 1991 година.
Извор:Klix