Почитувани, Подгорчани, после конституирање на членовите на новиот состав на Месната Самоуправа Подгорци, на ден (5.01.2018г.), Ве известуваме дека на синоќешниот состанок на (11.01.2018г), а врз основа сите законски регулативи за распределба на одговорностите кои треба да се предводат за нормално функционирање на Месната Самоуправа, во заедничка консултација-разговор, ги избравме слендиве раководни органи и лицата кои ќе ги предводат истите:
- Адем Ајдароски – претседател
- Амир Османоски – секретар
- Реџо Адемоски – благајник.
Одредувањето на горе наведените функции беше извршено со согласнот од страна на сите членови на Месната Самоуправа – Подгорци.
Како жители на оваа населба, ја очекуваме соработката од страна на жителите на ова населба, во сите наши сегашни и идни активности, кои планираме тековно да ги извршуваме за време на нашиот мандат.
Со Почит! МС-Подгорци Претс. – Адем Ајдароски.
Потсетуваме дека на ден: 05.01.2018 на собир на граѓани на населба Подгорци, беше избран нов редовен состав на Месната Самоуправа Подгорци во кој влегоа:
- Реџо Адемоски
- Адем Ајдароски
- Минур Ајдароски
- Мерлин Ајдароски
- Самир Муртезоски
- Нешат Авмедоски
- Амир Османоски
- Ферат Авмедоски
- Алија Беќироски










