Подгорци. 03.12.2017. Денес, како што и претходно беше најавено во текот на петочната џума намаз, на просторот каде што треба да се изгради новата џамија на населба Подгорци, започнаа првите активности околу нејзината реализација.

Во приуство на жители на населба Подгорци, представници на за градежни дејности и проектирење (архитекти), како и представници на за геодетски премер, се започна со обележување, (исколчување) на новата џамија на населба Подгорци, која и официјално се очекува да започне на почетокот на наредната година.
Во текот на наредните денови во предвид се изведба на земјени работи, ископ и порамнивање на делови на парцелата и истите планираме да ги започнеме во текот на оваа недела, сё додека дозволуваат временските услови.
Поопширни информации (димензии, површина и просторот околу неа) околу самиот објект (џамија) ќе објавиме во текот на наредните денови, како и сите други пропратни активности, – ни беше изјавено од страна на представници на граѓаните и представници на џамискиот одбор задолжени за текот на изградбата на овој верски објект.











