Во повеќе наврати сме пишувале, објавувале и информирале за еден навистина сериозен проблем кој со години наназад се влече по овој локален пат.

И неслучајно, проблемот го прават самите луѓе, т.е оние несовесните, а се разбира и оние кои се задолжени за спроведување и санкционирање (казнување) на ваквите нечовечки активности кои сеуште за жал се присутни во совеста и умот кај нашите жители.
Имено, оние кои патуваат кон населба Боровец (локален пат Струга-Боровец-Лабуништа) и обратно, па и кон дел на населбата Лабуништа, од повеќе им е позната оваа грда слика, која во овој период добива сё повеќе на замав, а оваа слика ниту малку, ниту повеќе насликана е со рацете на оние несовесните, безобразните и уште не какви луѓе, се разбира доколку може да се каже.
Фотографиите и краткото видео кое беше испратено до нашата редкација, зборува самото за себе. Депонија со различен отпаден материјал, остатоци од заклани животни, метал, пластика и што уште не..
А, резултатот од ваквите несовесни и нечовечки активности се знае се опасноата по здравјето на луѓето, и воопшпто животната средина
Вака денес изгледа овој дел од патот кој води кон ова населба. Се разбира овде се поставува и прашањето до каде оди совеста и на оние надлежните: општинските надлежни органи, со своите комунални инспектори, каде се здруженијата, еколошките, научните, образовните и сите кои се декларираат како божем некакви здрженија кои се борат за доброто и напредокот на населбите… Каде се месните самоуправи, кои очигледно иако гледаат што се случува сепак не помрднуваат ниту со прст, односно мижат случајно да не се скараат со некого, па потоа случајно да не изгубат некој глас на следниве избори, бидејќи повеќето наши месни самоуправи се политизирани, па ич не им е гајле за народот, туку за политичките поени на нивната си партија,… Каде се комуналните организации во овие делови, кои се задолжени за отпадниот материјал, а уште потрагично е и тоа што и тие истите секојдневно поминуваат по овој дел.. Каде се нашите имами, кои барем малку во своите петочни худби не издвојат време и за овој сериозен проблем.. Има уште многу каде се овие… и каде се оние..
Трагично е и тоа што во непосредна близина имаме и пекар, стамбени домови и други индустриски објекти..па очигледно и нивните сопственици не ги интересира, па дозволуваат да ни се случуваат вакви работи, кои за жал не се случија преку ноќ, туку си траат со денови..години…
Како што рековме горе, сликите зборуваат повеќе од кажаното, меѓутоа како заклучок може да се констатира следното, дека кај нас воопшто не функционира ништо, ама баш ништо
ЗАКЛУЧОК:
Значи кај нас не функционираат:
1.Совеста на граѓаните
2. Општинските надлежни органи (кои земаат плата за тоа)
2.Месните Самоуправи “ кои функционираат за доброто на населбите“
3. Невладините и Владини организации
4.Еколошки здруженија ( ако може да се каже дека има такви после ова слика и нивната заспаност за информирање на јавноста и решавање на овој проблем)
5.Па, и нашите Имами, кои со своите худби треба да издвојат време и за овој проблем, а не постојано да нё дават како се зема абдест и слични работи..
Како информативен медиум, кој што во повеќе наврати ја известувал јавноста за овој долготраен проблем, упатуваме отворена покана до сите оние кои што ги напоменавме горе, и се разбира доколку имаат грижа на совест, за тоа за што се задолжени, земаат или не плата, да нё контактираат, и на некој начин да се отвориме дебата и за овој проблем.
Доколку нема такви, тогаш согласно законските норми, а имаме и такво право, ќе тропнеме на вратата на сите горе наведени и побараме одговорност за ваквите настани и истите презентираме на јавноста и укажеме за функционирањето, како на надлежните, така и на совеста на оние наши сограѓани, кои за жал ваквите не би сакала да ги има ниту една нормална средина.











