Еден од петте исламски темели врз кои се потпира исламот е хаџот, имајќи го во предвид ваквиот исламски пропис, жителите на нашите околни населби, денес после полден намаз од центарот на Лабуништа заеднички после проучување на заедничка дова со идни хаџии од Лабуништа, Подгорци, Боровец, од центарот на населба Лабуништа па се до делот познат како автобуска беа испратени од многу бројни сограѓани, притоа посакувајќи им пријатен предстој во светите места Мекка и Медина и нека Возвишениот Аллах им го укабули хаџот.

Моментално вкупно хаџии од нашиве населби се 41 од кои 38 од Лабуништа, додека другите 1 ни доаѓаат од Подгорци и 2 od Боровец.
Според предвидениот план за реализирање на овогодинешниов хаџ, тргнувањето ќе се извршува со заедничка координација со Исламската верска заедница на Република Македонија, односно со автобуси до аеродромот во Тирана, па до таму со авиони на Турската компанија Туркиш ерлајнс ќе се патува до Џедда, односно со чартер лет, предвидено е во 1.30 часот после полноќ да се започне со патување Тирана-Џедда.
После пристигнувањето прво се посетува Мекка каде се обавува хаџот, со предстој некаде околу 10 дена во Мекка, тука се извршуваат сите хаџиски обреди, пред и после хаџот, пото осум дена се предстојува во Медина, значи од Мекка хаџиите заминуваат за Медина, каде што имаат осум дена предстој во џамијата на Мухаммед а.с и посета на сите историски места на Медина и околината на Медина.( Ухуд, Киблетен, Куба џамијата, и други историски познати места).
Притоа да напоменам дека прво при одењето се прави умра, а потоа се чека денот на Арефат кога хаџиите ќе се искачат на брдото познато како Арафат и од тука започнуваат главните хаџиски обреди и главниот дел заминување на арефат ден пред Бајрам.
Тука се приучуваат дови со предстој од ден ден до акшам, заеднички се клања намаз, се информираат околу Арефат, и тој представува еден од фарзовите на хаџот,што значи без Арефат нема хаџ.
Потоа следува спуштање кон долината на Мин`не, првиот ден на Бајрам, каде што се фрлаат камења на шејтанот , со тоа завршуваат и хаџиските обреди притоа извршувајчи таваф околу кабето.
За враќање во Македонија предвидено е околу, односно од 12 септември, односно од 10 до 13 септември хаџиите во зависност од организацијата на летовите треба да бидеме дома.
И ова година организатор на овојгодинешен хаџ е Исламcката верска заедница – ни изјави накратко хаџи.еф.Максут Максутоски, имам во долна џамија Лабуништа, и водич на годинешниот хаџ.
Во ова прилика редакцијата на Дубаи Портал на сите наши сограѓани и идни хаџии им посакува пријатен претстој во С.Арабија и нека Возвишениот Аллах џ.ш им го укабули хаџот.














