Приложените фотографии за жал денес го прикажуваат делот од подгоречкото поле кое после пладневните часови беше зафатено од пожар.
Според начинот од каде е започнато неговото ширење според жителите на населба Подгорци постои веројатност истиот да е подметнаат и покрај високите температури кои ги зафати и нашите краишта.
Во моментите на регистрирање на пожарот од страна на редакцијата на Дубаи Портал, екипи на противпожарните единици иако им било најавено дека има пожар и дека постои веројатност истиот да се прошири, не беа излезени на терен, и со тоа се даде можност истиот да се прошири на поголема површина.
До самиот момент на забележување на моменталната состојба, повеќе од јасно беше дека зафатена е голема површина од двете страни на локалниот пат кој води кон населба Подгорци.








