Почитувани, Подгорчани, згрозени од повторното вандалско уништување на дел од системот за водоснабдување за кој и предтходно имавме известување (Оштетен дел од системот за водоснабдување на населба подгорци) за ваквите активности на одредени луѓе кои за жал немаат ниту трунка совест а ниту разум.
Денес по втор пат извршено е уништување на зафатниот дел од вода која влегуваше во системот за водоснабдување, а беше изграден се со цел да се обезбедни нормално снабдување со вода и друга намена.
При денешната контрола на трасата на ситемот за водоснабдување, забележано и констатирано е уништување на зафатниот дел (брана), и другите пропратни елементи, цевки… идр каде се вршеше мини акумулирање на водата која протекуваше низ речното корито, а сега заради недостаток на вода и избегнување на опасност од прекин на процесот на снабдување со вода, истата преку овој зафатен дел се внесе во системот за водоснабдување, и со тоа стави на располагање на жителите на населба Подгорци.

Згрозени од денешниот настан и она што имавме можност да го забележиме, апелираме до лицата кои ги предизвикуваат овие безобразни и нечовечки активности, да прекинат бидејќи населбата ја ставаат во опасност од нормално снабдување со вода, имајќи ги во предвид високите температури, неконтролираната и нерационална потрошувачка, како и рестрикциите кои веќе недколку денови нанаљзад ги воведовме.
Исто така ги замолуваме жителите на населба Подгорци, доколку поседуваат информации за можните починитители на ваквите активности, истите да ги проследат до Месната Самоуправа – Подгорци, и на тој начи не дозволат заради одредени неодговорни лица, да страдаат останатите жители на населба Подгорци.

Исто така, апелираме и до останатите жители, водата која моментално им е нарасполагање, да ја користат на економичен начин, односно истата да не се троши за без потребни работи ( полевање на асфалт, вртови, и други активности..) со што истовремено ќе се овозможи и понатамошно продолжување на дадените рестрикции се до оној момент кога ќе се констатира дека имаме нормално снабдување на вода.

Со почит !
Месна Самоуправа – Подгорци
Фотографии: Месна Самоуправа-Подгорци









