Почитувани,
Ве известуваме дека имајќи ја во предвид моменталната состојба на водостојот на подгоречкото езеро како единствен извор за снабдување на вода на населба Подгорци, од кој може да се заклучи дека е алармантна а со тоа доведе во прашање и понатамошното снадбување со вода на населбата, Месната Самоуправа Подгорци, имајќи ја во предвид претходно наведената опасност (прекини) од идно снабдување со вода, врз претходно донесена одлука, денес со изведба на градежни работи, водата која протекуваше низ старото корито, и која со акција на наши сограѓани изминативе денови беше донесена низ подгоречкоето бачило и надолу, ставена е во системот за водоснабдување, со цел да се ублажи можниот недостаток на вода, односно истата нема да протекува низ новото изградено корито.
Ваквата состојба на искористување на водата која изминативе години протекуваше, а не се искористуваше, односно нема да се става во течење по новоизграденото корито, ќе трае се додека не се отцени дека не е загрозена опасноста од снадување со вода на населбата.
Од тука уште еднаш апелираме до жителите на населба Подгорци, на што поекономично трошење на водата, бидејќи во текот на летниве месеци, имајќи ги во предвид и предстојните високи температури населбата може да остане без доток на вода, бидејќи се користат расположливите резервни количини на вода.
Притоа за сите оние несовесни граѓани кои сеуште неконторлирано ја трошат водата ( полевање на тревници, вртови, асфлатни површини, диви чешми) а за кои имаме и соодветни информации, наскоро ќе се започне со акција на одземање на средствата за наводнувањето ( црева) како и целосно исклучување од системот на водоснабдување на сите оние кои за жал сеуште користат диви чешми или пак на друг начин ја злоупотребуваат водата.
Исто така, ги повикуваме и сите наши сограѓани односно оние совесните, кои располагаат со соодветни информации за таквите лица, особено оние кои користат диви чешми истите да ги достават во просториите на Месната Самоуправа Подгорци, со што би се превзеле соодветни активности за нивно одстранување.
Со Почит !
Месна Самоуправа Подгорци.











