(Фото) СТРУГА: Турската фондација “Илксаф“ приреди ифтар

0
389

По повод месец рамазан- месец на милост, опрост и спас,  денес по втор пат во организација на фондацијата за образование и култура Илксав- “Дрим Сулејманије“ со седиште во Струга беше организиран ифтар-рамазанска вечера за припадниците од исламска вероисповест од Струшко и Дебарскиот регион.

Присутните гости, и родители на ученици кои ги посетуваат институциите на ова установа , беа поздравени каде им се обрати и посака добредојде Фарук еф. од Истанбул одговорен за ова здружение и во останатите држави на Балканот каде истото како организација и постои и функционира.

Како и секоја година, така и оваа на ваквите свечени вечери (ифтар),и ова година поканети беа и граѓани на населба Подгорци.

После завршување на ифтарот (рамазанската вечера), присутните имаа можност заеднички да клањаат (обават) акшам намаз. Со завршување на акшам намаз, присутните гости беа испратени од представниците на ова здружение со честитка за кабул на рамазанскиот пост и со честитка за среќни Бајрамски денови.

Во ова пригода и редакцијата на Дубаи Портал им се заблагодарува на ораганизаторите и домаќините на оваа вечера за укажаната чест и покана да бидеме дел од овој рамазански ифтар.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here