Денес во попладневните часови, некаде околу 12.00 часот, на дојава на жители на населба подгорци, било пријавено појава на пожар во делот на руинираната амбуланта, во месноста позната како замчин.

Од увидот на самото место било констатирано дека засега не се познати причините за настанување на пожарот,односно дали истиот бил намерно подметнат од страна на неодговорни лица, иако според информациите на пристуните на местото сепак постоле индицики дека истиот е подметнат.

Спорд состојбата од самиот терен зафатена беше поголема површина која за среќа можела да се прошири и на околната дабова шума и да предизвика поголема и посериозна материјална штета.

Моментално пожарот е ставен под контрола, и засега не постои опасност од неговово проширување

На самиот терен присутни беа и припадници на СВР – Струга, кои извршија увид на самото место и зедоа изјави од представници на Месната Самоуправа Подгорци.


Dubai-portal.com.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here