Во рамките на своите активности предвидени со план програмата на Џамискиот одбор – Подгорци, а кои се однесуваат околу изучувањето на куранско писмо, хатма и други поврзани активности во делот на веронауката, денес во посета на Муфтивството на ИВЗ Струга претстсојуваа учениците (талебиња) на Мектебот на населба Подгорци.
Заедно со имамите на Џамија Подгорци, Џеваир еф Сефоски, и Назме еф. Мавмудоски, учениците беа примени од страна на муфтијата Мр. Салим еф. Сулејмани заедно со соработниците на ова муфтивство.
Во текот на кратката посета, учениците кои посетуваа веронаука при џамија Подгорци, имале накратко можност да се запознаат со активностите на оваа муфтивство, како и функционирањето на ова исламска институција, во Македонија.
Фото: Fejsbuk/Јакуб Ќазимоски










